Модриќ го продолжи договорот со Реал

MODRIC.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид, потврдија од клубот.


Само ден по претставувањето на Килијан Мбапе, шпанскиот и европски шампион објави дека е завршена уште една важна работа пред почетокот на следната сезона.

„Приказната продолжува“, со овие зборови Реал објави дека Модриќ го продолжил договорот.

Модриќ се договорил со „кралскиот клуб“ за продолжување на уште една година, по што ќе го напушти Мадрид.

За очекување беше дека ќе остане во Реал, се упатуваше на тоа, па дури и потегот на Мбапе, кој не сакаше да го земе дресот со број 10 кога доаѓаше.

Хрватот пристигна во Реал во 2012 година и во текот на 12 сезони освои 26 трофеи, од кои шест во Лигата на шампионите.

На индивидуален план, освојувањето на „Златната топка“ е најважно.

За Реал досега одигра 534 натпревари и постигна 39 голови. Тој е рекордер на Хрватска со 178 натпревари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK