Бојан Миовски, македонскиот репрезентативец е нов член на Џирона.
Миовски во шпанскиот клуб кој годинава ќе игра во Лигата на шампионите дојде од шкотскиот Абердин.
Договорот беше потпишан на четири години, а Абердин за Миовски доби 8,5 милиони евра, што е најголемиот трансфер во историјата на клубот.
Миовски зад себе има две одлични сезони во кои за Абердин постигна 44 гола на 97 натпревари.