Напаѓачот на Јувентус Аркадиуш Милик не е во плановите на новиот тренер Тиаго Мота и ќе биде продаден ова лето.
Според италијанските медиуми, Вест Хем и Брентфорд би сакале да го видат во своите редови.
Зад искусниот Полјак се две релативно неуспешни сезони во Торино.
Никогаш не го заслужи статусот првотимец и на повеќе од половина од одиграните натпревари во Серија А во игра влегуваше од клупата за резерви.
Се појави на 59 натпревари и постигна вкупно 11 голови.
Пред Јувентус играше за Марсеј, Наполи, Ајакс, Аугсбург и Баер Леверкузен.