Милевски и Барди: Добрата енергија од подготвките да ја пренесеме на теренот

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извор/ ffm.mk


Во пресрет на утрешниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Фарски Острови, во Лигата на нации, на прес-конференција во Торшван говореа селекторот на Македонија, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди.

„Првиот натпревар секогаш е тежок. Фарски Острови е квалитетен, дисциплиниран противник и имаме максимална почит кон нив. Сепак, наша цел е прво место во групата. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски Острови ја победија Турција, а тоа не е мала работа.

Временските услови се такви какви што се. Не е лесно да се адаптирате од 35 на десетина степени. Затоа дојдовме ден порано и верувам дека ќе бидеме спремни. Мислам дека ќе се прилагодиме на сите услови и ќе го наметнеме нашиот квалитет“

„Противникот е добро организиран, дисциплиниран и мора да бидеме на исто ниво и подобри што се однесува до динамиката на игра, агресивноста и желбата, за да дојде нашиот индивидуален квалитет до израз. На овој собир гледам одлична енергија и тоа треба да го пренесеме на терен“, рече селекторот Милевски.

„Сите сме свесни што ни следи и направивме детална анализа за овој натпревар. Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу.

Не треба да бараме алиби и како и секогаш треба да бидеме максимално фокусирани на нашата игра. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK