Српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ е нов играч на Нотингем Форест, потврди клубот.
Српскиот стопер седум години беше член на Фиорентина, Фиренца ја напушти една година пред истекот на актуелниот договор.
Миленковиќ претходно го носеше дресот на Партизан, за „Виола“ одигра 264 натпревари, постигна 17 гола и забележа пет асистенции.
Нотингем Форес за трансферот издвои 12 милиони фунти. Миленковиќ во Нотингем годишно ќе заработува 3,5 милиони фунти. Србинот со „Шумарите3 потпиша пет годишен договор.