Фудбалскиот клуб Милан има решение за проблемите со кои се соочува Дани Олмо. Фудбалерот нема право да настапува за Барселона, откако клубт не успеа да го регистрира поради прблемите со финансискиот фер-плеј.
Олмо нема право да игра за Барселона, мо ноже да игра за друг клуб. Неколку клубови покажаа интерес: Манчестер Јунајтед, Сити, Арсенал… и Милан.
Се чини дека последната е најприфатлива за Барселона и Олмо.
Каталонскиот „Мундо Депортиво“, открива дека Милан официјално и понудил на Барселона да го ангажира Олмо на пет месеци, по што тој би се вратил во Барселона. Италијанскиот „Кориере дела сера“ ја потврдува оваа приказна од свои извори во Милано.
Доколку Барселона и Олмо го прифатат ова, играчот би можел да игра за репрезентацијата до лето, а потоа да се врати во Барса, која би имала време да го ослободи буџетот за платата на Олмо до лето и со тоа да ги исполни условите на Ла Лига.