Фудбалскиот клуб Милан ќе биде без францускиот напаѓач Оливие Жиру во следните два натпревари во Серија А. Жиру е суспендиран поради црвениот картон на натпреварот против Лече.
Во судиското надополнување Жиру доби жолт картон поради протест, а бидејќи не престана да зборува и да се жали, веднаш беше исклучен поради „навреди кон судијата“.
Милан против Лече освои само бод, и покрај тоа што по првиот дел имаше предност 0:2. Вториот гол за Милан го постигна Жиру.