Предраг Мијатовиќ (55), легендарниот поранешен црногорски ас на Будуќност, Партизан, Валенсија и Реал, се врати во белградскиот клуб каде се прослави како играч. Мијатовиќ, напаѓач на Партизан од 1990 до 1993 година, е нов член на управата на белградскиот клуб, соопштено е по седницата на Собранието на Партизан.
Мијатовиќ доаѓа во Партизан во време кога српскиот гигант го тресе невидена резултатска, финансиска и организациска криза и кога долгот на клубот изнесува 60 милиони евра.
Партизан летово беше елиминиран од сите три европски натпреварувања во прелиминарните рунди. Во првенството по десет одиграни натпревари веќе заостануваат 11 бода зад актуелниот шампион и лидер Црвена звезда, од која сезонава како домаќини загубија со 4:0.
Мијатовиќ најави дека нема да се пресели во Белград. Ќе работи од Шпанија: „Искрено, се уште не знам како сум денес овде. Но, станува се појасно. Се сретнавме двапати, таа одлука ја донесовме завчера. Си реков: дали е можно дека сум овде. Тука дојдов без никаков финансиски интерес, едноставно нешто „одвнатре“ ме викна“, изјави Мијатовиќ.
Тврди дека го убедил новиот претседател на Партизан, Расим Љајиќ: „Му реков благодарам како успеа да ме „сршиш“ и дам е убедиш. Имв повици од многу луѓе, сега имам информации и кога Расим ме убедуваше, како ме убеди, можеби еднаш и ќе кажеме како било во некои посреќните времиња“.