Актуелните светски шампиони, фудбалерите од Аргентина ја забележаа четвртата победа во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Откако славеа против Еквадор (1:0), Боливија (3:0) и Парагвај (1:0), тимот предводен од Лионел Скалони го совлада Перу со 2:0 во Лима, па по четири кола има максимални 12 бода и гол разлика 7:0.
Светските шампиони до победата ги предводеше двојниот стрелец Лионел Меси (32′, 42′). Во 58. минута Меси го постигна третиот гол на натпреварот, но подоцна беше поништен поради офсајд.
„Мислам дека овој тим е импресивен, продолжува да расте. Имаме одлични играчи, имаме многу изразен стил на игра кој не идентификува. Да се надеваме дека ќе продолжиме по тој пат”, изјави аргентинскиот капитен.
„Тимот е импресивен и продолжува да расте, секој пат игра подобро. Споредба со Барселона на Пеп? Дека Барселона е најдобриот тим во историјата, нели? Мислам дека оваа Аргентина е тука некаде по се она што досега покажа. Ние сме шампиони на Америка и на светот“, додаде Меси, чиј тим одигра 50 натпревари во последните четири години, а загуби само еднаш, Саудиска Арабија во Катар.