Мерино се сели во Арсенал

2149181054.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Микел Мерино, оваа недела треба да потпише договор со Арсенал.



Мерино, вчера не беше во протоколот за првиот натпревар на Реал Сосиедад во Примера. Тимот на Мерино, во првата рунда загуби на домашен терен од Рајо Ваљекано (1:2).

Вредноста на трансферот ќе биде некаде околу 35 милиони евра. Мерино веќе играше во Премиер лигата, во сезоната 2017/18 за Њукасл, но не се прослави и се врати во Сосиедад, чиј член беше во изминатите шест сезони.

Летово со Шпанија го освои Европското првенство, а се прослави со голот против Германија во 119.минута, кој ја одведе неговата репрезентација до полуфиналето на континенталниот шампионат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK