Шпанскиот играч за врска, Микел Мерино конечно премина во Арсенал од Реал Сосиедад.
Мерино доби четиригодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона. Британските медиуми пишуваат дека Мерино би можел да заработи 27.400.000 фунти, а би можел да му бидат исплатени уште 4.200.000 фунти, доколку ја продолжи соработката.
Клубот од Сан Себастијан од трансферот заработи 37.450.000 евра.
Шпанецот е член на Сосиедад од 2018 година. Тој имаше договор со тимот од Баскија до летото 2025 година. Пред да дојде во Сосиедад, за кој одигра 242 натпревари, постигна 27 гола и забележа 30 асистенции, 28-годишникот роден во Памплона ги носеше дресовите на Њукасл, Борусија Дортмунд и Осасуна.
Мерино ја освои титулата на Европското првенство во Германија во јули.
Ова е трето летно засилување за клубот од северен Лондон, претходно во клубот дојдоа италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори од Болоња и шпанскиот голман. Дејвид Раја чии договор беше откупен од Брентфорд.