Мерцедес нема да го ангажира Карлос Саинц Јуниор

skysports-toto-wolff-mercedes_6105398.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Првиот човек на тимот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф изјави дека ги цени квалитетите на возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор, но дека Шпанецот најверојатно нема да биде зад воланот на „Сребрените стрели“ следната сезона.

Саинц Јуниор и Ферари се разделуваат затоа што италијанскиот тим за наредната сезона го ангажираше асот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Таткото на Саинц, славниот рели возач Карлос Саинц бара тим за својот син, но како што стојат работите има малку опции. Серхио Перез го продолжи договорот со Ред Бул, а Мекларен останува доследен на својот тандем Ландо Норис – Оскар Пјастри.

„Карлос заслужува место во Ф1, тој е исклучителен возач. Сепак, тргнавме по друг пат. Бараме нови начини и решенија во иднина, а Антонели е делумно причина што размислуваме на малку поинаков начин“, изјаи Волф за „Скај спорт“ и додаде:

„Сè уште не сме донеле одлука за следната година, но не сакавме да му дваме лажна надеж на Саинц и да го присилиме да не чека. Тој треба да донсе важна одлука. Тоа е фер кон него, тој е одличен возач“.

Андреа Кими Антонели е од Академијата на Мерцедес и ја вози својата дебитантска сезона во Формула 2 за Према.

Антонели претходно има освоено титули во италијанската Формула 4 и двапати во регионалното Европско првенство во Формула и е фаворит да му биде тимски колега на Џорџ Расел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK