Поранешната НБА ѕвезда Кармело Ентони ги критикуваше Денвер Нагетс затоа што му дозволија на Никола Јокиќ да го носи бројот 15.
Ентони е еден од најдобрите играчи во историјата на Нагетс, но со своите импресивни резултати, со две МВП награди и историска титула во НБА, Јокиќ веќе си обезбеди место во историјата на франшизата, односно јасно е дека откако ќе се пензионира дека Денвер во негова чест ќе го повлечат од употреба бројот 15.
Ентони веројатно е свесен за ова, бидејќи постави многу рекорди на франшизата во текот на осумте години поминати во Денвер. Јасно е дека за она што го направи за Денвер, франшизата треба да го повлече дресот со неговото име.
Затоа, Ентони е убеден дека Нагетс намерно му го дале бројот 15 на Јокиќ.
„Чуден потег. Како да не ги бираа бројките, туку буквално му го дадоа тој број: „Еве ти го бројот 15“. Го ставивте Јокиќ во центарот на нештата. Можеби тој ќе речеше: „Можам да го носам бројот 15, тоа е бројката на Мело. Тој можеше да го носи за да покаже почит. Но, тие му ја дадоа 15та за да се обидат да го избришат се она што јас го направив. Порано размислував за тоа, но веќе не“, рече Ентони.
Сепак, логиката на Ентони е бесмислена бидејќи кој можеше да очекува дека 41-от пик од Србија ќе стане најдобар играч во историјата на Денвер?
Покрај тоа, Нагетс уште пред Јокиќ им дозволуваа на други играчи да го носат бројот 15, на пример, од 2012 до 2014 година го носеше Ентони Рендолф.