– Премиерлигашот Вест Хем постигна начелен договор со Манчестер јунајтед за трансфер на дефанзивецот Хари Мегваер, јавија денеска британските медиуми.
Според Скај Спорт и Би-Би-Си, договорот е во вредност од околу 30 милиони фунти.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, во јуни му ја одзеде капитенската лента на Мегваер, откако 30-годишниот дефанзивец поголем дел од изминатата сезона ја мина на клупата за резерви или беше повреден, и во првиот тим се појави на само осум натпревари во Премиер лигата.
Мегваер дојде во Јунајтед во 2019 година од редовите на Лестер за 80 милиони фунти, сума која сè уште е рекорден трансфер на дефанзивен играч.
Новата сезона почнува в петок, а в сабота Вест Хем му гостува на Борнмут, додека Манчестер јунајтед в понеделник е домаќин на Вулверхемптон.