Килијан Мбапе (25) летово се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид, но сепак со “една нога“ тој ќе остане во Франција.
Како што пишува „Ле Паризиен“, Мбапе стана мнозински сопственик на фудбалскиот клуб Каен, поранешен прволигаш кој следната сезона ќе се натпреварува во Лига 2.
Мбапе плати нешто помалку од 20 милиони евра за купување на 80 отсто од акциите.
Пјер-Антон Каптон, чии права вредат пет милиони евра, ќе остане малцински сопственик.
Она што е особено интересно е приказната дека Мбапе како момче требало да стане играч на Каен, откако клубот го видел неговиот потенцијал да стане голема ѕвезда.
Семејството гледаше на тоа како на добро место за развојот на Килијан, но договорот пропадна кога Каен испадна од Лига 1 во сезоната 2011/2012, кога Мбапе имаше 13 години.
Со овој деловен потфат, дваесет и петгодишниот Мбапе стана најмладиот сопственик на фудбалски клуб во Европа, откако таа „титула“ претходно ја имаше Сирил Луис-Драјфус, сопственикот на англискиот Сандерленд, кој има 27 години.
Мбапе, по стапките на Дејвид Бекам, се очекува да го именува Зијад Хамуд, актуелниот шеф на тимот за имиџ на неговиот бренд, за нов претседател. Таа функција тој ќе ја обавува со мајката на Мбапе, Фаиза Ламари.