Матета спречи изненадување, Франција ќе се бори за златото на олимпискиот турнир

1722894418782_000_36AZ9R8_Cropped.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Домаќинот Франција со тешка мака избори пласман во финалето на фудбалскиот турнир во фудбал. Французите, во второто полуфинале, го победија Египет по две продолженија со 3:1.


Сензација спречи Жан-Филип Матета. Напаѓачот на Кристал Палас, најпрвин ја анулира предноста на Египет од 62.минута, со голот во 83.минута, а потоа погоди за водство од 2:1 во 99.минута, откако Египет седум минути претходно остана без исклучениот Фајед.

Точка на натпреварот стави доскорешниот соиграч на Матета, Мајкл Олисе во 108.минута.

Франција за златото ја чека дуел со Шпанија, додека Египет за бронзата ќе се бори со Мароко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK