Францускиот интернационалец Матео Гендузи е на прагот на италијанскиот калчолигаш Лацио. Како што тврдат медиумите на Апенините, тој веќе ги договорил личните услови со римскиот клуб и пристигнува на „Олимпико“.
Лацио и Олимпик Марсеј се во финални преговори да ја договорат отштетата, а Италијанците треба да платат околу 12 милиони евра.
Гендузи е поранешен фудбале на Арсенал, а се договори со Лацио за соработка до 2028 година.