Мартин победи во Тајланд – Следува трилер завршница во Мото ГП

Мартин-победи-во-Тајланд-–-Следува-трилер-завршница-во-Мото.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, славеше на Големата награда на Тајланд, 17-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот.


Мартин забележа двоен триумф во Бурирам, бидејќи претходно славеше во спринтот, а воедно ја оствари и четвртата победа сезонава. Исто така, Шпанецот испиша нови страници од историјата за Дукати бидејќи италијанскиот тим сега има триумфи на секоја патека од календарот.

Мартин ја мина целта со десетинка предност пред Бред Биндер од КТМ Рејсинг, меѓутоа, тој во последниот круг во еден момент ги напушти границите на патеката, поради што доби казна и заврши како трет.

Втората позиција така ја наследи Франческо Бањаја. Овој момент може да има решавачка улога во борбата за титулата.

На три тркачки викенди пред крајот на сезоната, Бањаја има 13 бода предност пред Мартин, а доколку Биндер не беше казнет, таа разлика ќе беше девет бода.

Следната трка во шампионатто ќе се вози на 11.ноември во Малезија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK