„Марка“: Винисиус Жуниор ќе ја добие Златната топка

1727139954804_viniii.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Марка“, водечкиот шпански спортски весник, близок до Реал Мадрид, во денешното издание тврди дека Винисиус Јуниор (24) ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на планетата за сезоната 2023/24.


Новинарот, Хозе Феликс Диас, тврди дека одлуката е донесена, односно дека Бразилецот веќе бил информиран дека ќе биде крунисан во Париз на 28 октомври.

Истиот извор оди чекор понатаму и наведува дека известувањето за новиот лауреат го добила и компанијата „Најки“, се за да може да дизајнира специјални златни копачки за Винисиус.

„Винисиус Жуниор го допре златото. Париз и реката Сена го чекаат Бразилецот на крунисувањето на крајот на следниот месец”, се вели меѓу другото во текстот на „Марка“.

„Неговите најголеми ривали во оваа трка беа неговите клупски соиграчи Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Дани Карвахал, односно Родри од Манчестер сити.

„Вини повремено правеше грешки, но знаеше и да се асимилира и да работи како малку други за да промени некои навики и да стане она што е денес – еден од најважните играчи на Реал Мадрид“.

Брзоногиот дриблер минатата сезона со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите, Ла Лига и Суперкупот на Шпанија. Постигна вкупно 26 гола и забележа 12 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK