Манчестер сити се засили со Савињо

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер сити ги засили своите редови со еден од најталентираните играчи од Ла Лига, Савињо (20).


Вкупната вредност на трансферот изнесува 40 милиони евра. Савињо со „граѓаните“ потпиша пет годишен договор.

Савињо е член на францускиот тим Троа од 2020 година, но минатата сезона играше како позајмен во Шпанија, во дресот на Џирона. На 37 натпревари постигна девет гола во Ла Лига.

„Среќен сум што ќе ја продолжам кариерата во Манчестер сити. Сите знаат дека тоа е најдобриот тим во светот во моментов. Возбуден сум што имам можност да работам со Пеп Гвардиола, еден од најголемите тренери на сите времиња”, изјави Бразилецот.

Савињо ја започна својата кариера во Атлетико Минеиро.

За бразилската репрезентација забележа седум настапи, а неговата вредност се проценува на 50 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK