Манчестер сити сепак ќе му дозволи трансфер на Хулијан Алварез. Младиот Аргентинец не е задоволен од статусот што го има кај Пеп Гвардиола, побара трансфер бидејќи не сака да му биде резерва на Ерлинг Халанд.
Челниците на Манчестер сити и менаџерот Гвардиола, најпрвин рекоа дека Хулијан Алварез нема да го напушти клубот, но како што сега стојат работуте го смениле мислењето.
Интерес за Алварез покажува ПСЖ откако Атлетико Мадрид се повлече.
Алварез ќе биде продаден доколку некој клуб издвои фиксни 70.000.000 евра и дополнителни 20.000.000 преку бонуси.
Хулијан Алварез зад себе има неверојатна трофејна серија.
Со својот матичен клуб Ривер Плата освои се што можеше во Аргентина и Јужна Америка. Два купа, шампионска титула, Суперкуп, Копа Либертадорес и Суперкуп на Јужна Америка.
Со аргентинската репрезентација стана светски првак, ја освои Копа Америка и „Финалисима“.
Во Сити е само две години, а веќе ги освои сите можни трофеи во Европа и во Англија, освен двата најмали, Лига купот и Комјунити шилд.
Два пати ја освои Премиер лигата, еднаш Лигата на шампионите, како и ФА Купот, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.
Вкупно во сениорската кариера има 14 трофеи.