Манчестер сити домаќин на Интер, Миовски со Џирона гостува во Париз

Untitled-2-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нови шест натпревар на програмата се вечерва во првото коло, во Лигата на шампионите. Дербиот се игра на „Етихад“ во Манчестер, каде на Сити ќе му гостува Интер.


Ниту домашните ниту гостите сезонава не се поразени на официјални натпревари, но за разлика од Сити, Интер не империонира со своите изданија.

Тимот на Пеп Гвардиола ги има сите четири победи во Премиер лигата, а Ерлинг Халанд веќе брилјира на стартот од сезоната. Норвежанецот постигна два гола против Брентфорд за триумф од 2:1, додека претходно со хет-трик ги заврши дуелите со Вест Хем и Ипсвич.

Интер освои осум бода во Серија А, а она што може да го загрижи Пипо Инзаги е што неговиот тим се уште не славел на гостински терен оваа сезона. По 2:2 на воведниот натпревар во Џенова, минатиот викенд „нероаѕурите“ играа во Монца и едвај успеаја да извлечат реми (1:1).

Последен пат овие две екипи се сретнаа во јуни 2023 година во финалето на Лигата на шампионите. Тогаш, во Истанбул победи Сити со голот на Родри и ја освои првата Лига на шампиони во клупската историја.

Вечерва на „Паркот на принцовите“ во Париз во Лигата на шампионите ќе дебитира фудбалскиот клуб Џирона. ПСЖ е фаворит против дебитантот, чии дрес го носи и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Среда

Болоња – Шахтјор 18.45
Спарта Прага – Салцбург 18.45
Селтик – Слован Братислава 21.00
Бриж – Борусија Дортмунд 21.00
Манчестер сити – Интер 21.00
ПСЖ – Џрона 21.00

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK