Манчестер јунајтед во минус и покрај рекордните приходи

Icon_70557699-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер јунајтед пријави загуба од 113,2 милиони фунти (148 милиони долари) за фискалната година што заврши на 30 јуни, и покрај рекордните приходи од 661,8 милиони фунти (866 милиони долари).



Клубот од Премиер лигата, кој оваа година делумно беше купен од британскиот милијардер Џим Ретклиф, рече дека бројките делумно се должат на зголемените трошоци за играчи.

Правилата за профит и одржливост на Премиер лигата им дозволуваат на клубовите да загубат најмногу 105 милиони фунти во период од три години или да се соочат со парични казни. Минатата сезона им беа одземени бодови на Евертон и Нотингем Форест поради прекршување на тие правила.

И покрај загубите, Јунајтед соопшти дека останува во согласност со финансиските правила на Премиер лигата и Европската фудбалска унија (УЕФА).

Манчестер јунајтед беше подложен на обемна програма за реструктуирање по инвестицијата на Ретклиф од 1,3 милијарди фунти за 27,7 отсто од акциите.

Во 2022/2023 Манчестер јунајтед имаше загуби од 28,7 милиони фунти, во 2021/2022 имаше 115,5 милиони загуби, а во 2020/2021 имаше 92,2 милиони фунти загуби.

Клубот исто така соопшти дека очекува да генерира меѓу 650 и 670 милиони фунти приход следната година, по рекордните 661,8 милиони фунти оваа година, додека платите биле зголемени за 10 отсто на 364,7 милиони фунти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK