Манчестер јунајтед нема да активира клаузула вредна 20 милиони евра за играчот од средниот ред Софијан Амрабат, пренесува Фабрицио Романо.
Мароканскиот интернационалец, роден во Утрехт, е играч на Фиорентина, а изминатата сезона ја мина во тимот од „Олд Трафорд“.
Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг не бил импресиониран од она што го покажал Амрабат минатата сезона и поради тој ќе се врати во Фиренца. Извесно е дека Мароканецот нема долго да се задржи таму.
Многу клубови, главно од Шпанија, се заинтересирани за услугите на Амрабат.
Дефанзивниот играч за врска особено се истакна на Светското првенство во Катар пред две години, кога Мароко го освои четвртото место.
Минатата сезона одигра 21 натпревар во Премиер лигата, како и по два во ФА Купот и Лига Купот.