Малдини: Газдите не го разбираат фудбалот, немавме иста визија за Милан

Малдини-Газдите-не-го-разбираат-фудбалот-немавме-иста-визија-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендата на Милан, Паоло Малдини за прв пат ја отвори душата и проговори за несогласувањата со американскиот фонд „ Редберд“, кој веќе неколку години е сопственик на славниот клуб.


Како играч, Малдини целата кариера, од најраната возраст, ја мина во Милан. Технички директор на Милан стана во 2018 година кога неговиот поранешен соиграч Леонардо, кој тогаш беше спортски директор, го покани во клубот.

„Засекогаш ќе му бидам благодарен на Леонард кој ме покани во 2018 година, на „Елиот“ кој ме натера да го потпишам мојот прв договор и на „Редберд“ кој ми го обнови“, рече Малдини, а потоа продолжи:

„Во првите шест месеци се чувствував бескорисно, но Леонардо ми рече: „Само учи“. Не беше лесно да се има американски фонд или извршен директор од Јужна Африка како претпоставени. Мојата визија за фудбалот се преврте наопаку во однос на 2018. Но, повторувам, никогаш не сум бил, ниту ќе се плашам од соочување“.

Американскиот фонд „Елиот“, го презеде фудбалскиот клуб Милан, иако луѓето од управата воопшто не се разбираат од фудбал, поради што дојдоа во разни конфликти со Малдини и неговите соработници.

„По само три месеци работа во 2019 година, јас и Бобан бевме поканети од сопствениците и директорите на состанок во Лондон и практично бевме отпуштени. Сакаа да ги укинат сите наши овластувања и тие да преземат нашите улоги, бидејќи не ги сакаа младите играчи Рафаел Леао, Исмаил Бенасер и Тео Ернандез. Знаевме дека Леао од Лил може да стане ѕвезда, но дека ќе му треба време. Истото важи и за Тео, Исмаел и сите оние кои пристигнаа подоцна. Талентот не се препознава секогаш. Кога се обложувате на потенцијалот на младите луѓе, ризикот од неуспех е голем“.

Работите тргнаа на полошо пред 18 месеци кога „Елиот“ го продаде клубот на друга американска компанија „Редберд“, на чело со Гери Кардинале.

Веќе на почетокот на соработката беше очигледно дека на новите сопственици не им се допаѓа Малдини, но не смееја да го отпуштат веднаш по освојувањето на титулата.

„Верувам дека во тоа време ќе беше непопуларна мерка да не отпуштат, бидејќи штотуку го освоивме Скудетото. Кардинале сакаше да ја освои Лигата на шампионите. Му кажавме дека ни треба тригодишен план за да размислиме за таа цел, а тој предложи две години и една година да биде преоден период. Во тој момент побарав две години, верувајќи дека ќе има време за понатамошна дискусија за плановите. Ако тогаш беше задоволен, ќе ми понудеше веднаш да го обновам договорот“.

Џорџо Фурлани, кој по професија е економист, денеска е генерален директор на Милан, а токму тој имал големи несогласувања со Малдини и бил заговорник на идејата да биде избркан. Кардиналеј му кажувал виц, во моментот кога му го врачил отказот.

„Гери Кардинале ме покани на појадок и по коментарите за повлекувањето на Златан од фудбалот ми кажа дека сака промена и дека јас и Рики Масаро сме отпуштени. Го прашав зошто и ми кажа за лошите односи со Фурлани. Му реков: „Дали некогаш сум ти се јавил да се пожалам на Фриули? Никогаш не сум го направил тоа“. Потоа кажа шега за поразот од Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите. Само да кажеме дека причините ми изгледаа прилично слаби. Доколку сопствениците сакаат да ја променат организациската структура, имаат право на тоа. Во овој случај деталите се важни, а многу работи не одеа како што требаше“, изјави Малдини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK