Црвена звезда доживеа тежок пораз во Милано од Интер (4:0), во второто коло во Лигата на шампионите. Светла точка беше Андрија Максимовиќ, кој ги воодушеви италијанските новинари. Според водечките италијански медиуми, тој бил најдобриот играч на српскиот шампион.
Андрија Максимовиќ е роден во 2007 година, синоќа дебитираше во Лигата на шампионите. Со 17 години, три месеци и 26 дена стана најмладиот српски играч кој дебитирал во Лигата на шампионите.
Исто така тој е четвртиот најмлад фудбалер во тековната сезона во Лигата на шампионите.
Помлади од него се само Ајуб Буади од Лил со 16 години, 11 месеци и 15 дена и фудбалерите на Барселона Ламин Јамал со 17 години, два месеци и шест дена и Андрес Куенка со 17 години, три месеци и 20 дена.
Максимовиќ минатата недела го продолжи договорот со Црвена звезда до 2027 година.