– Македонската шаховска јуниорска репрезентација до 12 години со пораз го почна настапот на Европското екипно првенство, откако попладнево во воведното коло во романскиот град Иаши загуби од Турција со 1-3.
Цел поен за македонската репрезентација освои Даниел Стефановски (1334, рејтинг) во дуелот против Ерен Бујук (1839), додека порази претрпеа Павел Крстевски, на втората, Никола Петровски, на третата и Благоја Миновски на четвртата табла.
Во конкуренција на 11 екипи, македонските шахисти предводени од селекторот Орце Данчевски, според рејтингот се на 10 место со просечен рејтинг од 1340.