Македонските ракометни кадети ја совладаа Црна Гора на СП

rakometari_2423432432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

  Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја забележа премиерната победа на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, откако вечерва ја совлада Црна Гора со 29-20 во рамки на второто коло во групата Ф.

Македонските ракометари влегоа во вечерашниот дуел со императив да победат за да ги задржат шансите да ја минат групната фаза по стартниот пораз во средата од Норвешка (25-27).


Во израмнето прво полувреме во кое двете репрезентации често се менуваа во водство, македонските ракометари со серија во финишот од 4-1 заминаа на пауза со предност од 12-10.

Сите дилеми околу победникот беа разрешени во завршните 15 минути кога македонските ракометари при водство од 20-17 постигнаа четири голови во низа и на крајот забележаа убедлива победа.

Противник на македонските ракометари утре од 17:30 часот во завршното трето коло во групата Ф ќе биде Грузија, која претходно денеска загуби од лидерот Норвешка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK