Foto/ EPA-EFE/Georgi Licovski
Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство. Во третото коло, Македонија очекувано загуби од Шпанија со 19:31 (11:17).
Македонските ракометарки отпор на фаворисираните протовнички им пружија само во еден дел од првото полувреме, кога имаа два гола негатива. Кога Шпанија го засили темпото, Македонија немаше одговор.
Шпанија со шест гола предност замина на пауза помеѓу двете полувремиња, а во првите девет минути со серија 6:0 стави точка на натпреварот.
Сара Ристовска со шест гола ја предводеше Македонија. Кај Шпанија гол повеќе постигна Барбоса.
На 3 март Македонија, во четвртото коло ќе гостува во Шпанија.