Македонските натпреварувачи утре стартуваат на Европскиот олимписки младински фестивал

sportisti_makedonija_353434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Македонските спортисти утре ќе го имаат својот премиерен настап на Европскиот олимписки младински фестивал, кој во неделата официјално беше отворен во Марибор.

Македонската експедиција е составена од четворица натпреварувачи во џудо, атлетика, пливање и гимнастика, а знаменосец на свеченото отворање беше џудистот Никола Магдески.


Атлетичарот Брајан Авија утре претпладне го очекува настап во дисциплината скок во далечина, а во квалификациите во трката на 100 метри слободно ќе настапи пливачот Стефан Тодоров.

Магдески в среда ќе настапи во татами во категоријата до 66 килограми, а противник во првото коло ќе му биде Словакот Јурак Одкладај.

Според програмата, пливачот Тодоров в четвртокот повторно ќе се појави во базенот во квалификациите на 50 метри слободен стил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK