– Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство од Б дивизијата во Скопје, откако вечерва ја совлада Република Ирска со 77-66 во завршниот натпревар од групата А.
Македонските кошаркари рутински ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар и завршија првопласирани во групата А.
Најефикасен во македонските редови одново беше центарот Теодор Симиќ со 17 поени.
Следен противник на црвено – жолтите ќе биде Велика Британија во рамки на четвртфиналето.
Дуелот е на програмата в петок во СРЦ Кале.
Пласман во елитната А дивизија ќе обезбедат трите првопласирани репрезентации на Европското првенство во Скопје.