Foto/ EPA
ФИФА, по завршувањето на Купот на Азија и Африканскиот куп на нации ја објави најновата листа. Македонската репрезентација се наоѓа на 68.место, што претставува пад од три места во однос на претходното рангирање.
На новата листа на ФИФА најголем напредок забележаа финалистите на Купто на Азија. Шампионот Катар напредуваше 21 позиција и сега се наоѓа на 37.мосто, а Јордан„ скокна“ 17 позиции и од денеска е на 70.место во светот.
Победникот на Африканскиот куп на нации, Брегот на Слоновата Коска од 49. „скокна“ на 39.место.
Првото место и понатаму го држи актуелниот светски шампион, фудбалската репрезентација на Аргентина, заднеа се Франција и Англија.
Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска се во Топ 10 најдобри репрезентации во светот.