Македонија на 25 место на 45-тата Шаховска Олимпијада во Будимпешта, остануваат уште пет кола до крај

459163048_549021670957578_3850182819703192096_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија се наоѓа на 25 место на 45-тата Шаховска Олимпијада каде учествуваат 197 земји.


„Со одигрување на првото коло во Будимпешта Унгарија започна 45-тата Шаховска Олимпијада. Машката и женската репрезентација на Македонија одлично ја започнаа оваа Олимпијада остварувајќи максимални 4:0. Машката репрезентација во состав ВМ Евгени Романов, ИМ Тони Лазов, ИМ Никола Николовски и ИМ Емил Ристески играше против репрезентацијата на Того. Додека женската репрезентација во состав ЖФМ Моника Стојковска, Ивана Манова, Сања Трајковска и Моника Жежовска играше против репрезентацијата на Танзанија“ рекоа од Шаховската Федерација на Македонија.

Оттаму посочија дека се надеваат на добра игра на нашите претставници и им посакуваат да се покажат во најдобро светло.

Остануваат уште пет кола до крајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK