Мајами го суспендира Батлер: Тој е штетен за тимот на многу начини

Untitled-13.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајами Хит се огласи со официјално соопштение во кое објави дека ѕвездата на тимот Џими Батлер е суспендиран на седум натпревари.


Во франшизата од Флорида на ваков потег се одлучиле, како што се наведува, поради повеќекратно недолично однесување кое било штетно за тимот.

„Го суспендиравме Џими Батлер на седум натпревари за повеќекратни случаи на однесување штетно за тимот во текот на сезоната, а особено во последните неколку недели“, објави Мајами.

Исто така, беше нагласено дека ќе ги разгледаат опциите за негов трејд, односно негово заминување од тимот, што се најавуваше во претходните денови.

Впрочем и самиот Батлер најави дека тоа е негова желба, бидејќи повеќе не сакал да игра за Мајами.

„Сакам повторно да најдам радост во играњето кошарка. Каде и да е тоа, ќе дознаеме многу брзо. Надвор од теренот, среќен сум, но сакам повторно да бидам доминантен, сакам да играм и сакам да му помогнам на тимот победи, а во моментов не го правам тоа“, изјави пред два дена Батлер.

Меѓу најзаинтересираните екипи за Батлер, според американските медиуми е Денвер, кој бара помош за Никола Јокиќ, а се спменуваат и Голден стејт Вориорс, односно Далас Маверикс и Хјустон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK