Лутиот претседател го отпушти тренерот и целиот спортски сектор на Фенербахче


depositphotos_864720392_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Галатасарај, во неделата го победи Фенербахче (3:0), стекна предност од седум бода и на три кола до крајот се наоѓа на чекор до шампионската титула.


Фенербахече, нема титула во шампионатот 12 години, а „жолто-сините“, 18 години не играле во Лигата на шампионите.

Поразот од најголемиот ривал, го налути првиот човек на Фенер, Садетин Саран, кој почна да дели откази за неуспешната сезона.

Прв замина, тренерот Доменико Тедеско, кој го наследи Жозе Мурињо на клупата на почетокот на септември минатата година. 40-годишниот тренер, некогаш ги водеше Ауе, Шалке, Спартак Москва, Лајпциг и белгиската репрезентација.

Саран не го отпушти само Тедеско и неговите асистенти, откази добија и луѓе од спортскиот сектор.

Во клубот повеќе не се спортскиот директор Девин Езек и на Берка Челеби, кој беше координатор за фудбал.

Како што беше случајот со заминувањето на Мурињо, помошникот тренер на Фенербахче, Зеки Мурат Геле, повторно ќе го води тимот.

По ваквата реакција на претседателот на Фенербахче, јасное дека во летнот преоден рок ќе биде извршена целосна реконструкација на првиот тим.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK