Лука Модриќ, фудбалер со најмногу трофеи во историјата на Реал

12444719.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид ја победи Аталанта со 2:0, го освои Суперкупот на УЕФА, а Лука Модриќ стана фудбалер со најмногу освоени трофеи во дресот на „кралскиот клуб“.



Модриќ на теренот на Националниот стадион во Варшава влезе во 77.минута, на местото на Родриго.

Хрватскиот репрезентативец дојде до својот 27.трофеј во дресот на Реал. Претходно тој го делеше рекордот со Начо, кој во преодниот рок го напушти Реал и се пресели во Саудиска Арабија.

По синоќешната победа на Реал, Модриќ и Карвахал се рекордери со пет освоени европски Суперкупови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK