Луис Енрике: Одработивме одличен преоден рок

Луис-Енрике-Одработивме-одличен-преоден-рок.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ПСЖ во финишот на преодниот рок успеа да го донесе Рендал Коло Муани. Францускиот шампион за напаѓачот ќе плати нешто повеќе од 90 милиони евра.


Заедно со францускиот репрезентативец, ПСЖ донесе и играч од Лион, исто така напаѓач, 21. годишниот Бредли Баркола, а сето тоа го воодушеви тренерот на Париз, Луис Енрике.

„Мислам дека во овој момент, со оглед на околностите, не можевме да направиме подобар преоден рок. Не, не ни требаше никој во средниот ред. Имаме доволно квалитетни играчи таму. Коло Муани и Баркола се многу добри засилувања бидејќи тие може да игра на неколку позиции. Преферирам такви играчи“, изјави Луис Енрике.

Инаку, ПСЖ се надева дека во наредните денови ќе го продаде Италијанецот Верати на Блискиот Исток, каде се уште трае преодниот рок.

„Коло Муани е навистина луксузно засилување. Со оглед на тоа што е Французин, тоа го зајакнува идентитетот на нашиот клуб. Го следевме и сигурен сум дека тој многу ќе ја подобри нашата игра. Подготвени сме за сезоната, на секоја позиција имам барем две квалитетни решенија“, изјави шпанскиот стратег.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK