Ливерпул е последниот клуб кој се вклучи во трката за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Како што пренесуваат британските медиуми, Ливерпул за потписот на Нигериецот ќе води битка со градските ривали Челзи и Арсенал.
Јирген Клоп испрати скаути да го гледаат Осимен додека тој настапуваше за репрезентацијата на Нигерија. Во прашање беа пријателските натпревари со Саудиска Арабија и Мозамбик во Алгарве минатата недела.
Тој играше против Саудиска Арабија еден час пред да ја повреди тетивата и да го напушти натпреварот кој заврши нерешено 2:2.
Односите меѓу Осимен и шефот на Наполи се заладија откако тој тврдеше дека клубот си поигрува со неговата репутација на социјалните мрежи кога го истакнаа неговиот промашен пенал.
Сезонава постигна шест гола, а неговата цена на трансфер пазарот се проценува на над 120 милиони евра.
Јирген Клоп е принуден да бара адекватна замена за Мохамед Салах, кој веројанто наредното лето ќе замина во Саудиска Арабија.