Ливерпул без Конате во дербито против Манчестер сити

Untitled-9-19.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Централниот фудбалски настан во Англија викендов е дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер сити на „Енфилд“. Натпреврот ќе се одигра во недела од 17 часот.


Клубот од „Енфилд“ игра одлично од почетокот на сезоната. Ливерпул моментално е на врвот во Премиер лигата, како и во Лигата на шампионите, тимот со Арне Слот на клупата има 17 победи на 19 одиграни натпревари од стартот на сезоната.

Лоша вест за Слот е повредата на Ибрахим Конате. Дефанзивецот се повреди во средата против Реал. По последниот свиреж на судијата Франсоа Летексие тој остана на теренот каде му беше укажана помош, а потоа со помош на лекарскиот тим замина во соблекувалната.

Ливерпул претпладнево објави дека Конате нема да игра до крајот на годината, односно го очекува пауза од околу шест недели.

Веројатно на местото на Конате, во тандем со капитенот Ван Дајк ќе игра Џарел Кванса. Од стартот на сезоната Кванса има одиграно само 45 минути во Премиер лигата, две минути на теренот беше во Лигата на шампионите, а во Лига купот собра 180 минути.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK