Ливаковиќ пред трансфер во Севилја

livakovic-hrvatska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот прволигаш Севилја за неколку дена ќе го продаде голманот Јасмин Бону во саудискиот Ал-Хилал и размислува да го доведе Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб.
Мароканскиот репрезентативец Бону, кој е во Севилја од летото 2020 година, тажно ги прегрна соиграчите во средата вечерта во Пиреја по поразот во Суперкупот на Европа од Манчестер Сити. Откако мечот заврши 1:1, беа изведувани удари од белата точка, а Бону не успеа да спречи ниту еден, па англискиот шампион победи со 5:4.


„Сѐ уште не се поздравил, но мислам дека ќе си замине. Не знам дали ќе биде пред гостувањето во Виторија (во понеделник кај Алавес), но изгледа дека вратата на Саудиска Арабија е отворена за него“, изјави тренерот на Севилја, Хозе Луис Мендилибар по натпреварот.

Хрватскиот репрезентативен голман Ливаковиќ сега е прва опција за раководството на Севиља.

Ливаковиќ, кој во вторникот бранеше за Динамо Загреб во поразот од АЕК со 1:2 на „Максимир“, има клаузула која му дозволува да замине за 10 милиони евра. Динамо в сабота го игра реваншот во Атина, а доколку не успее да ја надополни негативата, европскиот пат ќе го продолжи во Лигата на Европа.

Севилја би можела да го продаде Бону за 19 милиони евра и да го купи Ливаковиќ за 10 милиони и со тоа да биде во значителна финансиска добивка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK