Марко Ливаја со објава на Инстаграм се прости од хрватската фудбалска репрезентација.
Неговата објава ја пренесуваме во целост и без измени:
„По долго размислување донесов одлука да ја напуштам хрватската репрезентација, пред оваа објава го информирав Хрватскиот фудбалски сојуз. Благодарен сум на селекторот и на стручниот штаб за времето поминато во репрезентацијата и признанието како играч, а во срцето секогаш ќе имам посебно место за бронзениот медал од Катар и атмосферата која владееше меѓу моите соиграчите, како и радоста во целата земја и дијаспора која владееше поради големиот успех. Горд сум на секој настап за мојата татковина и би сакал фокусот и позитивноста да бидат насочени кон играчите, се надевам дека мирно и без тензии ќе ги чекаат следните важни натпревари. Им благодарам на сите за поддршката, а на репрезентацијата и посакувам многу среќа и успех сега и во иднина“, напиша Ливаја.
За Хрватска дебитираше во 2014 година, додека претходно шест години настапуваше за помладите категории.
Стандарден член на националниот тим стана во август 2018 година, додека го носеше дресот на АЕК Атина.
Дебитираше во Лигата на нации против Шпанија, кој заврши неславно со пораз од 6:0, што и понатаму е најголемиот пораз во историјата на Хрватска.
Далиќ го однесе и на Светското првенство во Катар, каде го освои третото место, а Ливаја даде еден гол.
Ќе остане запаметен по скандалот кога како играч на Хајдук, по финалето на Купот на Хрватска на „Рујевица“ во Риека, против Шибеник, го водеше навивањето со навредлива песна која содржи елементи на насилство, со што ги навреди навивачите на Шибеник.
На истото место Ливаја ги напушти подготовките на Хрватска за завршниот турнир од Лигата на нации по инцидентот на тренингот на репрезентацијата. Тука и ја заврши репрезентативната кариера.
Тренингот беше накратко прекинат откако Ливаја тргна кон трибините во вербална пресметка со дел од публиката која не престана да го навредува.
Далиќ не го повика Ливаја за двата квалификациски натпревари кога Хрватска играше во Риека против Летонија (5:0) и на гости во Ерменија (1:0). Ливаја доби повик за натпреварите во октомври, против Турција во Осиек и Велс во Кардиф.
Сепак Ливаја повеќе нема да биде дел од репрезентацијата.
View this post on Instagram