Левандовски ја критикува тактиката на селекторот

2177406320.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полската фудбалска репрезентација нема добар старт во Лигата на нации. Полјаците одиграа три натпревари и претрпеа два порази и ја победија Шкотска во групата во која се и Хрватска и Португалија.


Дека кризата не е само резултатска говори и изјавата на капитенот Роберт Левандовски, кој пред дуелот со Хрватите го нападна тренерот Михал Пробјеж.

Левандовски не беше задоволен од дуелот против Португалија, во кој Полска загуби со 3:1. И тој знае кој е виновен за тоа.

„Што ни недостасуваше против Португалија? Храброст. Имавме моменти кога се доближивме до шеснаесетникот, но не успеавме да го надиграме ривалот. Добив само една топка. Ништо повеќе. Стоевме премногу ниско. Знам дека против Португалија никогаш нема да одиме еден на еден по целиот терен и нема да можеме да играме рамноправно, но сепак… Моравме подобро“, изјави Левандовски по натпреварот и дополни.

„Мојата улога не е да се враќам во средината или дури и до одбраната за да ја добијам топката. Ова нема смисол“, додаде Лева, а неговата изјава ги крена на нозе сите фудбалски фанови во Полска.

Полска утре од 20.45 часот игра против Хрватска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK