Левандовски го постигна 100. гол во европските купови

Левандовски-го-постигна-100-гол-во-европските-купови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски го постигна својот 100. гол во европските купови на отворањето на Лигата на шампионите против Антверпен.


Полјакот беше стрелец на вториот гол против шампионот на Белгија во 19. минута од натпреварот, во победата на неговиот тим од 5:0.

Левандовски е третиот играч во историјата кој постигнал 100 гола, по Кристијано Роналдо (145) и Лионел Меси (132).

На Левандовски му беа потребни само 139 натпревари за четири различни клубови за да дојде до ова остварување.

Се започна во неговата родна земја каде играше за Лех (6), потоа се пресели во Дортмунд (18), најмногу голови постигна за Баерн (69), а сега личниот рекорд го подобрува во Барселона (7).

Меси и Роналдо се пред Левандовски кога е во прашање бројот на различни тимови против кои постигнале голови. Антверпен беше 33. клуб против кого Левандовски постигнал гол во европските купови, на првите две позиции се Аргентинецот (40) и Португалецот (38). Според овој параметар, Карим Бензема (34) е пред Левандовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK