Лени Јоро го избра Манчестер јунајтед пред Реал Мадрид. Лил успеа да го убеди 18-годишниот фудбалер, да ја прифати најфисоката понуда.
Реал беше фаворит за потписот на Јоро, но Флорентино Перез јасно им стави до знаење на колегите од Лил дека нема намера да понуди повеќе од 30 милиони евра.
За разлика од Реал, Манчестер јунајтед понуди двојно поголема сума. Јунајтед ќе му плати на Лил, фиксно 50 милиони евра фиксни, плус францускиот клуб преку бонусите може да заработи дополнителни 10 до 12 милиони евра.
Јоро е еден од најталентираните француски стопери, има само 18 години и пред него е светла иднина.
Ерик тен Хаг на тој начин го доби големото засилување што го посакуваше, но нема да застане тука, бидејќи Јунајтед се уште преговара со Баерн Минхен за потписот на Матијс де Лихт.