Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигатаво 90.години од минатиот век, Енди Кол, со внимание ги следи натпреварите особено оние на неговиот поранешен клуб, Манчестер јунајтед.
Енди Кол, упати критики до клупските челници, смета дека многу пари клубот потрошил на просечни фудбалери.
Во низата лоши трансфери што ги направи Јунајтед изминативе неколку години, Кол го истакна оној на Антони.
„Понекогаш се прашувам кои се неговите доблести. Тој не создава шанси, не постигнува голови. Не може да „врзе“ на себе противнички играч. Кои се неговите силни страни, кажи ми?”, прашува Енди Кол.
Легендарниот напаѓач мисли дека Бразилецот е преплатен.
„Погледнете го Митома, донесен за 2,7 милиони фунти, потоа се прашувате на кој пазар купова Манчестер јунајтед, кога за Ентони плати 86 милиони фунти“.
Ентони сезонава нема постигнато гол, всушност нема постигнато гол во Премиер лигата од април.