Лаутаро го продолжи договорот до 2029 година

GUym9jhWgAARVcK.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аргентинецот Лаутаро Мартинез, кој на крајот на овој месец ќе наполни 27 години, го продолжи договорот со Интер до летото 2029 година.


Напаѓачот пристигна на „Џузепе Меаза“ во 2018 година, кога дојде од Расинг Авељанеда. Професионалната кариера ја започна во аргентинскиот клуб во 2015 година.

Тој одигра 206 натпревари во Серија А за првиот тим на Интер, во просек постигнува гол на секој втор натпревар. Популарниот Торо (бик) е двократен освојувач на Скудетото и Купот на Италија, а со Интер освои и три Суперкупа на Италија.

Аргентинецот ја доби наградата „Паоло Роси“ за најдобар стрелец во сезоната 2023/24, постигна 24 гола во Серија А.

Летово со неговиот гол, Аргентина ја одбрани титулата на Копа Америка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK