Барселоба вчера доживеа пораз од Басконија во АЦБ лигата и остана без Николас Лапровитола. Ден по натпреварот, клубот потврди дека Аргентинецот ќе мора да оди на операција.
„Прегледите покажаа дека нашиот играч Николас Лапровитола ги скинал предните вкрстени лигаменти и се здобил со повреда на надворешниот менискус на десното колено.
Играчот ќе биде опериран во наредните денови. Клубот повторно ќе објави по операцијата со проценка за периодот на опоравување“, се вели во соопштението на Барселона.
Иако Барселона не сака да шпекулира за времетраењето на рехаблитиацијата, веројатно нема да може да смета на Лапровитола најмалку шест месеци и тоа во идеални околности.