Ландо Норис доминантно до пол-позицијата во Зандворт

12459279.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ландо Норис доминантно дојде до третата пол-позиција оваа сезона. Возачот на мекларен со време 1:09.673 минути, ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Холандија.



Норис до првото место на стартот за утрешната трка дојде со време кое за повеќе од три десетинки беше поодбро од резултатот што го постави актуелниот шампион, Макс Ферстапен.

Од вториот ред утрешната трка ќе ја започнат колегата на Норис, Оскар Пјастри и возачот на Мерцедес Џорџ Расел.

Следуваат возачите на Ред Бул и Ферари, Серхио Перез и Шарл Леклер, а место во топ 10 на стартот изборија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Алекс Албон (Вилијамс), Ленс Строл (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).

Во квалификациите разочараа Луис Хамилтон, кој не успеа да ја мина втората сесија и покрај тоа што на тренинзите и на првиот тренинг неговиот Мерцедес делуваше одлично. Победникот на последните две трки во Холандија ќе стартува од 12. место. Пред него ќе биде Карлос Саинц од Ферари.

Траката за Големата награда на Холандија, в недела ќе започне во 15 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK