Легендата на Англија и на Челзи и поранешен играч на Манчестер Сити, Френк Лампард, по последниот тренерски ангажман во Челзи, извесно време е без работа. Сепак, легендарната осумка се уште ужива култен статус во јавноста, па на неговите изјави им се посветува големо внимание.
Лампард сега понуди одговор на вечното прашање за споредба на Лео Меси и Кристијано Роналдо: „Играв против двајцата, повеќе со Кристијано кога беше во Манчестер Јунајтед, а со Меси играв многу пати на големите натпревари помеѓу Челзи и Барселона. Меси е поединечно по талентот веројатно најголемиот досега, според мене. Но, со Кристијано, она што го направи во однос на неговата работа, тренинзи и бројки, перформанси, голови и посветеност – дури и до ден-денес – значи дека тие се едноставно на врвот заедно. Морам да ги почитувам и двајцата на ист начин. Мислам дека не е фер да се обидуваме да го ставиме едниот над другиот. Мислам дека тие беа најдобри играчи и за мене е чест што можам да играм против нив, да бидам на теренот со играчи од тоа ниво“.
Лампард е без работа од крајот на предминатата сезона, кога беше привремен менаџер на Челзи. Откако го водеше Дерби Каунти во плеј-офот за Чемпионшип (втора дивизија на Англија) во својата прва менаџерска работа, Лампард влезе во Лигата на шампионите и стигна до финалето на ФА Купот како редовен менаџер на Челзи. Потоа го водеше Евертон до опстанок во Премиер лигата пред да биде отпуштен, завршувајќи ја сезоната како привремен менаџер на Челзи.