Легендарниот шпански судија Антонио Матеу Лахоз, кој сега работи како професионален коментатор, проговори за одлуката на главниот судија Шимон Марчинијак кој го поништи голот на Алварез, против Реал во пенал серијата.
На Лахоз не му се допадна фактот што Марчинијак ја прифати веднаш одлуката од ВАР собата без самиот да ја прегледа снимката.
„Ако донесете одлука толку брзо, претпоставувам дека имате јасна слика за ситуацијата. Секогаш ми недостига транспарентност, за сите да ја гледаме ситуацијата низ очите на главниот судија и пред мониторот. Со тоа ќе се избегнат контроверзните одлуки кои му штетат на спортот”, изјави Лахоз за ТВ Мовистар.
„Се оди кон тоа да се види ситуацијата од секој агол. Да бев информиран за оваа одлука, немаше да бидам мирен додека самиот не ја погледнев снимката. Би сакал да ја гледам и врз основа на тоа да одлучам. Тоа ќе беше моја одговорност, така го разбирам судењето.
Технологијата е корисна, но мора да се користи правилно, судијата мора сам да ја донесе одлуката. На начинот на кој што постапи Марчинијак и понатаму имаме сомнежи“, изјави Лахоз, кој ја заврши својата кариера во 2023 година.